За нас

Нашата визија

Да изградиме бренд што ќе стане симбол за современ спортски живот во Република Македонија и пример за тоа како спортот може да го развива едно општество.

Сакаме ММ Спорт да биде место каде секое дете ќе ги направи своите први спортски чекори, секое семејство ќе создава нови спомени, секој рекреативец ќе се чувствува добредојден, а секој спортист ќе има услови достојни за своите амбиции.

Нашата визија не завршува со изградба на спортски комплекс.

Таа започнува со создавање култура во која спортот е дел од секојдневниот живот, а ММ Спорт е местото што ја обединува таа заедница.